Кинотека на Македонија, 11-16, февруари
Во Кинотеката на Македонија од 11. до 16. февруари ќе се одржуваат Денови на кинески филм и ќе бидат прикажани пет филмови од кинеската кинематографија снимени во периодот од 2003 до 2013 година.
Филмската ревија ќе почне со документарниот филм „Залак од Кина: Подарокот од природата“ од 2012 година, посветен на историјата на храната, јадењето и готвењето во Кина.
Во понеделник публиката ќе може да го види играниот филм „Равенка за љубовта и смртта“ по сценарио и режија на Баопинг Цао, снимен во 2012, а во наредните денови ќе бидат прикажани и играните филмови: „Двајца стануваат еден“ од 2006 во режија на Винг-чеонг Лоу; „Телефон“ на режисерот Сјаоганг Фенг снимен во 2003 и „Љубовен миг“ во режија на Гавин Лин од 2013 година.