Катица Јанева во Советот на јавни обвинители ќе одговара за „Пуч“

Сподели

 

 

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева денеска во 12 часот во Советот на јавни обвиниели ќе одговара на прашањата на Советот зошто Специјалното јавно обвинителство го повлече обвинението за предметот „Пуч“, пренесува 24 Вести.

Претседателот на Советот Петар Аневски за Телевизија 24 потврди дека Јанева е повикана по нивно барање да ги образложи причините зошто се откажа од обвинението за „Пуч“.

СЈО го повлече обвинението во јануари, а две недели подоцна Советот ги побара списите за овој предмет, во кој меѓу обвинетите беше и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.