Меѓународен турнир во рапид темпо „Алкалоид 2017“

Сподели

 

На 18 февруари, со почеток во 10 часот ќе се одржи традиционалниот отворе меѓународен турнир во рапид темпо „Алкалоид 2017“.

На турнирот, своето учество до сега го пријавиле рекорден број, над 170 учесници од шест земји. Прворангиран шахист на турнирот е силниот велемајстор од Бугарија Кирил Георгиев, а учествуваат и најдобрите македонски шахисти интернационалните мајстори Филип Панчевски (минатогодишен победник) и Дејан Стојановски, велемајсторите Трајко Недев, Влатко Богдановски, Звонко Станојоски и Драгољуб Јаќимовиќ, како и бројни млади шахисти, вклучувајќи ги најмладите репрезентативци ФИДЕ мајсторите Никола Николовски и Тони Лазов.

Партиите ќе се играат во хотелот „Континентал“ во Скопје. Вкупниот награден фонд изнесува 122.000 денари.