Албанија за прв пат донесе закон за јазиците на малцинствата

Сподели

Албанската влада во рамки на Законот за малцинствата, кој е веќе финализиран, посебно место одвојува за заштитата на јазиците на пет национални малцинства кои живеат во земјата.

Веста за МИА ја потврди Никола Ѓурѓај, претседател на македонското дрштво „Илинден“ од Тирана, оценуваќи дека конечно нешто се поместило од статус кво состојбата, околу правата на малцинствата.

– Текстот на законот е готов. Истиот треба да биде доставен до Парлaментот за усвојување, додека албанската државна радио телевизија (РТВСХ) веќе се подготвува да почне со емитување на емисии на петте јазици на малцински заедници, македонската, грчката, српско-црногорската, влашката и ромско-египјанската, изјави Ѓурѓај.

Оваа навистина убава вест, додава Ѓурѓај, доаѓа токму на Маѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Министерството за образование и за култура, посочува Ѓурѓај, исто така треба да дадат придонес во овој процес, кој, како што вели, само што почнува.

Албанија под притисок на малцинствата, но пред се, под притисок на меѓународната зедница, за прв пат носи закон за малцинствата.