Зоран Заев: Новата влада ќе биде формирана во март

Сподели

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска од Сараево најави дека новата влада во земјата ќе биде формирана во март. Преговорите со ДУИ веќе финишираат.

СДСМ и политичките партии на етничките Албанци во Македонија, ги договориле клучни точки и се очекува да формираат влада во март годинава, порача лидерот на социјалдемократите Зоран Заев денеска од Сараево.

„-Сега мора да се договориме за распределбата на министрите и за реформската платформа на идната влада“, вели Заев, пренесува агенцијата Ројтерс.