„Ние не даваме мандати на никого туку разговараме за да постигнеме договор за меѓусебна поддршка за заедничко владеење со било која партија.
Со СДСМ во овој период имавме работни средби на кои разговараме за сите прашања.
Главен столб на тие разговори беше услогласувањето по текстот на Законот за употреба на јазиците. Досега работните групи работеа по текстот што го сработи ДУИ во соработка со другите партии од платформата и после давање мислења, усогласување, надминување на евентуални разлики, вчера претседателството го усвои текстот на тој Закон кој што ние го предложивме до СДСМ како текст за заедничко услогласување со цел усвојување во Собрание“, одговори Османи на прашањето до каде се со давањето мандати на СДСМ на прес конференцијата која заврши пред десетина минути.
„Една важна фаза од процесот е завршена и сега од утре почнуваме со другите делови од усогласување на платформата“, рече Османи.
Во однос на усогласениот текст, Османи вели дека совршени решенија нема, особено не во правото.
„Ние сметаме дека ова е оптимално решение кое што затвора единственото нерешено прашање од рамковниот договор во делот на донесувањето Закон.
Османи потенцираше дека се ќе зависи од проценките и дека ДУИ утре продолжува со со точките.
„Може хипотетички да се постогне договор за сите прашања, а може тоа и да се одложи, и да се појават нови околности кои што бараат поддршка пред донесување договор. Затоа велам внимателни сме во овој процес да не оставиме прашање непредвидено бидејќи сметаме дека е комплицирана целата состојба, и не сакаме да придонесеме со ниту еден чекор да ја продлабочиме кризата која веќе три години ја има во земјава“, вели Османи.
Тој посочи дека е потребно усогласување на програмите на владеење е потребно, односно изборните програми на двете партии ако решат да влезат во заедничка влада.