Национален семинар за правата на децата со попреченост

Сподели

Децата со попреченост низ лупата на Конвенцијата на ОН за правата на лица со попреченост, e тема на националниот семинар што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Националниот совет на инвалидски организации на Македонија (НСИОМ), во соработка со Европскиот форум за попреченост (ЕДФ) и УНИЦЕФ.

Семинарот е во рамки на проектот „Заштита на децата од насилство и унапредување на социјалната инклузија на децата со попреченост во Западен Балкан и Турција“ финансиран од ЕУ и кофинансиран и имплементиран од УНИЦЕФ, заедно со ЕДФ.

– Децата со попреченост имаат потреба од сеопфатна и флексибилна поддршка за да учествуваат во општеството на еднаква основа со другите деца. Иако е направен значителен прогрес на ниво на регулаторната рамка, децата со попреченост се уште се соочуваат со значителни тешкотии во пристапот кон достапни и квалитетни сервисни служби. Исто така, насилството е секојдневна реалност за стотици деца во земјите во Југоисточна Европа, соопшти Националниот совет на инвалидски организации.