„Џган“ на филмскиот фестивал во Фиренца

Сподели

Филмот „Џган“ во режија на Вардан Тозија ќе биде прикажан на Филмскиот фестивал „Балкан флоренс експрес“ (БФЕ) кој се одржува во Фиренца до 26 февруари.

Во организација на Оксфам Италија и Фондацијата Система Тоскана, Фестивалот ќе опфати преглед на најдобрите филмови од земјите од Западен Балкан и придонесот на филмскиот фонд од регионот Тоскана.

– Многу дебитантски филмови од досега веќе етаблирани и реномирани режисери од регионот ги имале нивните премиери токму на овој фестивал. Режисерот Тозија ќе биде присутен на фестивалот и ќе го промовира лично своето режисерско деби, соопшти „Дрим фектори“, македонски продуцент на „Џган“.

Филмот, кој е снимен во копродукција со „Red helicopter films“ од Албанија, финансиски е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија и SEE Cinema network.

Главните улоги ги толкуваат Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула и Никола Ристановски.

cooltura.mk