Разузнавачката служба на Јужна Кореја тврди дека Северна Кореја погубила петмина свои безбедносни службеници поради, наводно, лажни извештаи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Јужнокорејскиот парламентарец Ли Чеол-ву изјави дека разузнавачката агенција ги известила пратениците дека пет севернокорејски службеници од Одделот за безбедност се погубени со противавионско оружје поради лажни извештаи. Сѐ уште не е познато за какви извештаи станува збор.
Националната разузнавачка служба овие тврдења ги изнесе денес, при одржувањето на брифингот пред пратениците, а во моментот кога Малезија спроведува истрага за убиството на Ким Џонг-нам, полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. Истрагата сѐ уште трае, а Јужна Кореја тврди дека зад убиството стои токму Ким Џонг-ун.
Anadolu Agency