МВР: Дисциплинска постапка против началникот на СВР Охрид, заради заканите кон СЈО

Сподели

Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу покренал дисциплинска постапка со која истражува и елементи за кривично дело против началникот на СВР Охрид, Гоце Недески, за заканите кон обвинителите на Специјалното обвинителство, кажувани во негово присуство, пренесе Сакам да кажам. 

agim-nuhiu

„Пред две недели добив известување од Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за закани кон обвинителите од ова Обвинителство, упатени од организаторите на протестите во Охрид, во присуство на началникот на СВР Охрид. Јас известувањето го анализирав и веднаш побарав од службата за внатрешна контрола на МВР да го испита случајот. Побарав внатрешната контрола да го извести задолжително и Јавниот обвинител на РМ, ако има елементи за кривично дело од страна на началникот. Значи, тое што е покрената итна дисциплинска постапка против него е едната работа, а втората е дека се испитува дали во ситуацијата началникот сторил кривични дела“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК министерот за внатрешни работи Агим Нухиу.

текстот во целост прочитајте го тука