Шкариќ: Итно свикување на Парламентот, нова влада, па и импичмент за Иванов

Сподели

Иванов  ја злупотреби позицијата Претседател. Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов грубо го прекрши Уставот, вели за Фактор, универзитскиот професор Светомир Шкариќ.

Со тоа што не го довери мандатот на партијата која обезбедила  парламентарно мнозинство шефот на државата го минира и девалвира конституционалниот акт. Не е негово право туку обврска да го даде мандатот на претседателот на СДСМ штом  има поддршка од 67 пратеници и како мандатар да формира Влада.

Според  еден од најафирмираните професори по Уставно право, обезбедени се сите елементи за формирање на Влада која би имала парламентарното  мнозинство и затоа е неопходно  ведаш  да се свика седницата на која ќе  изберат претседател  на Собранието, а потоа да преминат кон  формирање на Владата.

Професор Шкариќ предлага  веднаш да се свика Собранието, да се формира  Собраниска комисија за избори која ќе номинира Спикер. Тој не исклучува и Импичмент за Иванов, ако парламентарците го отворат прашањето за негова одговорност поради крешење на Уставот.

Фактор