Адвокатите Петар Василев, Боро Тасевски и Никола Додевски како и обвинителите од Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева и Фатиме Фетаи се единствените присутни на денешното рочиште за насилствата во Општина Центар, пренесува 24 Вести.
Екс премиерот Никола Груевски, Миле Јанакиески, поранешниот министер за транспорт и врски, пратеничката Даниела Рангелова како и уште 11 обвинети не се присутни во судската сала.
Се уште не е одлучено по жалбата на СЈО за издвојување на доказите во форма на прислушувани разговори и судијата Татјана Михајлова истакна дека предметот ќе биде пратен во Апелација.
Покрај обвинетите за следното рочиште за 3 мај судијката наведе да бидат повикани сите обвинети но и градоначалникот на општина центар Андреј Жерновски, претседавачот на Советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ, Саша Богдановиќ како и други сведоци.