Европскиот суд на правдата пресуди: Забраната за носење шамија е легална

Сподели

Европскиот суд на правдата пресуди дека работодавците можат да им забранат на вработените да носат „какви било политички, филозофски или религиски ознаки“, вклучувајќи ги и шамиите што ги носат муслиманските жени.

Ова е прва пресуда што се однесува на жените кои носат шамии и работат во институции на ЕУ, каде темата испровоцира говор на омраза.

Високиот европски суд сепак предупредува дека каква било забрана мора да биде заснована на внатрешните правила на секоја компанија со кои се бара вработените задолжително треба да се „облекуваат неутрално“ и не смее да биде под влијание на желбите на клиентите.

Пресудата е резултат на два случаја од Франција и од Белгија.

Првата тужба ја поднесе жена која работела како рецепционерка, а која е отпуштена во 2006 година од една безбедносна компанија во Белгија бидејќи носела шамија.

Во другиот случај, судот оценил дека француската компанија која ѝ дала отказ на инженерка затоа што не сакала да ја симне шамијата, можеби го прекршила европското право, ако компанијата одлуката ја донела врз основа на желбите на клиентите, а не на интерните правила.

meta.mk