Дода повторно провоцира: ФИРОМ е лабораторија за албанофобија, јас ќе одам во Илирида

Сподели

Албанската пратеничка Месила Дода преку својот фејсбук-профил одговори на реакцијата на СДСМ во однос на нејзината изјава дадена пред неколку дена во Дебар, каде таа кажа дека Македонија не постои, дека тоа е стара албанска покраина и се вика Илирида.

„Читам во медиумите дека во ФИРОМ побарале да ме прогласат за персона нон грата. Не е проблем тоа за мене, но еднакво е неприфатливо од држава која нема основа за постоење и во која заедничка точка за соработка на сите етнички заедници е кршењето на правата на нашите сонародници. Ова значи дека единствено ќе прифатам да одам во Илирда. За мене ФИРОМ еднакво е „нон грата“ и таа престана да постои оти е лабораторија за албанофобија“, порача Дода на „Фејсбук“.

meta.mk