Нова банкнота од 50 евра од 4. април во оптек

Сподели

Новата банкнота од 50 евра со подобри безбедносни карактеристики ќе влезе од 4 април во оптек, а во првата фаза ќе бидат пуштени 5,4 милијарди евра банкноти.

Новата банкнота, со портрет на божицата Европа, лик од грчката митологија, има унапредени безбедносни карактеристики како би се отежнало фалсификувањето и прозорот кој станува транспарентен кога се сврти кон светло.

Освен тоа, заштитното обележје на банкнотите е со смарагдна бројка, која, кога се навали банкнотата, се менува бојата од смарагднозелена во темноплава.

Ова е четвртата банкнота која доживува промена од воведувањето на единствената валута во ЕУ 2002 година откако изгледот го променија банкнотите од 5, 10 и 20 евра.

Европската централна банка веќе во мај 2013 година ги замени банкнотите од пет евра, во септември 2014 година апоените од 10 евра и во ноември 2015 банкнотите од 20 евра.

Апоенот од 50 евра е најчесто употребуван од сите апоени во евра. Повеќе од осум милијарди банкноти во оптек се од 50 евра, што сочинува 45 отсто до вкупните апоени во оптек.

https://youtu.be/vVtbvdHS_yg