Хан ги почна средбите со пораки: Нема време за губење, итно е потребна нова влада

Сподели

Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан и тројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, попладнево во
Собранието на Македонија ја почнаа серијата средби со лидерите на политичките партии.

Првата средба Хан и европратениците е со претседателот на Беса Билал Касами по што треба да имаат одделни разговори и со лидерите на Алијансата на Албанците Зијадин Села,
на ДУИ Али Ахмети, на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-­ДПМНЕ Никола Груевски.

Според најавите од ЕК во пресрет на посетата, се очекува Хан, Вајгл, Кукан и Флекенштајн, да ја повторат позиција на ЕУ за почитување на исходот од изборите и да се дозволи продолжување на демократските процеси со брзо формирање реформски ориентирана влада, која ќе продолжи со имплементација на договорот од Пржино.