„ВМРО-ДПМНЕ остро се спротивставува на реализација на тиранската Платформа, бидејќи смета дека истовремено преставува класична уцена, но и рушење на највисоките државни и национални интереси. Впрочем, ВМРО-ДПМНЕ затоа не постигна договор за формирање на Влада, бидејќи не прифати и никогаш нема да дозволи државата да ги изгуби атрибутите на унитарна и мултиетничка држава“, се вели во соопштението.
„Доколку смета дека треба да се прифати и да се реализира ваква платформа, која задира во унитарниот карактер на државата, нека ја престави како своја изборна програма, па граѓаните јасно нека се произнесат што мислат за неа и за политичарите што ја предлагаат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според ВМРО-ДПМНЕ, излез од кризата се нови парламентарни избори на кои СДСМ може да ја претстави тиранската платформа доколку смета дека таа треба да се прифати.