-СЈО во континуитет укажува на потребата од имплементација на препораките на Венецијанската комисија во однос на Законот за заштита на приватноста и Законот за заштита на укажувачите заради проблемите во работењето со кои се соочуваме постојано, токму заради недоследностите во наведените законски решенија. И покрај тоа што во континуитет ги охрабруваме граѓаните да соработуваат со нас во постапките кои ги водиме, разбирливо е дека соработката оди тешко заради присутниот страв од можните последици и реперкусии кои овие граѓани би можеле да ги имаат за себе и за своие најблиски.
-СЈО, медиумите, граѓанскиот сектор и одговорните институции, имаат обврска да им покажат на укажувачите дека претставуваат една од клучните алатки за борба против сите форми на корупција и различните злоупотреби од страна на високи функционери. Тие имаат одговорност на граѓаните да им обезбедат полна доверба во институциите. Граѓаните кога ќе се јават како укажувачи мора да се свесни за сопствениот вреден придонес кој го даваат, а е насочен кон остварување повисока цел и мисија која ќе остане врежана во историјата.