„Луди и збунети“ на Васил Толевски првонаграден на конкурсот за најдобар афоризам

Сподели

Афористичарот од Скопје Васил Толевски ја доби првата награда на Конкурсот за најдобар афоризам што го распиша здружението Афористичка репрезентација на Македонија, под наслов „Луди и збунети“.

На конкурсот учествувале 14 автори од Македонија, а победниците ги избра жири во состав Миле Ѓоргијоски, минатогодишен победник, Доне Донев и Никола Талески од Битола.

Втората награда му припадна на Јане Атанасов и третата на Марјан Ангеловски, млад, надежен афористичар од Скопје, изјави Јане Атанасов, претседател на Здружението Афористичка репрезентација на Македонија. Жирито додели уште три награди: специјална награда за Наташа Ќурчинска и дипломи за Ристо Филчевски и Александар Кузмановски. Специјалната плакета за истакнати личности кои придонеле за развој и промовирање на македонскиот хумор и сатира годинава ќе ја добие познатиот афористичар, хуморист, автор и поет Љупчо Силјановски.

Наградите и признанијата ќе бидат доделни на петтата Вечер на македонскиот афоризам, која ќе се одржи на 31 март во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани.