Денес во киното Фросина, во Младинскиот културен центар, се затвора Првата ревија на современиот грчки филм во Македонија со проекцијата на филмот “Ден за бегство“, во 20:30 часот.
Пред него ќе биде прикажан филмот „Засекогаш“на младата грчка режисерка Маргарита Манда.
Овој мини фестивал на грчки филм кој се отвори во четвртокот, на 28.30. 2017, воедно е и прв значаен културен настан кој се организира како соработка помеѓу двете земји.
Ревијата е иницирана и организирана од Меѓународниот филмски фестивал за дебитантски филм, Киненова Скопје.