Симнувањето на македонското и качувањето на албанското знаме на јарбол сред Куманово е уште една началничка режија, во функција на пеколниот план за почнување на меѓуетничка војна во Македонија! Тој акт мора да се осуди најостро, од самите Албанци и пред сѐ, затоа што не е акт на патриотизам, туку атак на кукавичлук, во кој извршителите се млади Албанци, а нарачателот е некој друг! Еве зошто:
Прво, поради моментот во кој се случува, очигледно е дека овој инцидент оди во прилог на потпалувањето на меѓуетничките тензии, стратегија што ја одбраа началниците за дефокусирање од одговорноста за криминалот на векот и уништувањето на државата.
Драги сограѓани, Албанците во Македонија на 11 декември направија голем исчекор кон заедништвото во земјава, кон нашата сплотеност. Не дозволувајте игрите на началниците да го заматат очигледното! Одиме заедно – до слобода! Vdekje fashizmit, liri popullit!