ХОРОСКОП: Вашиот карактер по месецот на раѓање

Сподели

Месецот на Вашето раѓање влијае на Вашиот карактер, многу повеќе отколку хороскопскиот знак

 

Без сомнеж, темпераментот и карактерот на една личност не зависaт само од нејзиното воспитување и личните животни искуства – тука влегува и периодот во кој тие се родени.

Јануари

Во овој месец, на свет доаѓаат најтрпеливите и најидржливите личности. Често, тие се одликуваат со машки особини и никогаш не жалат за изгубеното. Тие работат сами и независно и гордо ги решаваат своите проблеми. Јануарските жени не сакаат чистење и средување низ домот, но обожаваат готвење.

Февруари

Февруарските жени се упорни, тврдоглави, чувствителни и можат да бидат големи злопамтила. Тие имаат поприлично сложен карактер, пропратен со нервни сломови но и високо ниво на самоконтрола. Тие не се плашат од потешкотии и брзо донесуваат одлуки без долго размислување. Одлично знаат да манипулираат со луѓе, па затоа често имаат добри кариери.

Март

Мартовските жени се најчувствителни. Тие се големи и ранливи емотивци кои често знаат да покажат и тврдоглавост. Знаат да бидат срамежливи и несигурни во себе, што често им предизвикуваат потешкотии во успехот. По природа се кревки и шармантни, па затоа често привлекуваат мажи кои се заштитнички настроени кон нив.

АприлАприл е месец на храбри, упорни и мотивирани жени. Тие секогаш знаат што сакаат, и затоа полека но сигурно го добиваат истото. Ваквите жени не поднесуваат нестабилност, а емоциите им се секогаш на прво место.


 

 


МајВо мај се раѓаат самостојни и бескомпромисни жени. Тие не простуваат лесно, па често поради тоа и подоцна жалат. Се работи за тврдоглави жени-лидери на кои им е полесно да станат директори отколку да го најдат вистинскиот маж. Понекогаш знаат да бидат и големи материјалисти.

Јуни

Жените родени во јуни се многу внимателни личности. Тие се многу добри и ранливи, што никогаш не би се осветиле ако некој им згреши. Не сакаат кавги и секогаш гледаат да ги одбегнуваат, а нивното однесување зависи од моменталните чувства и расположението.

Јули

Во овој месец се раѓаат скромни и срамежливи жени. Тие често се грижат за другите, бидејќи семејството и домот се на прво место на нивната листа на приоритети. Жените родени во јули се склони кон постојано самоиспитување, а тие се во состојба длабоко да чувствуваат но никогаш да не ги искажуваат своите чувства.

Август

Најгордите и најнезависните жени се раѓаат во овој месец. Тие се добри и великодушни, но се гладни за моќ. Сакаат да бидат во центарот на вниманието, имаат голема харизма и најмогу ги ценат семејните односи. Тие се често искрени и пристојни личности.


 

 


СептемвриСептемвриските дами се емотивни и темпераментни. Тие се разликуваат од другите по својата внимателност, сакаат да бидат во друштво, но често знаат да бидат и сами. Жените родени во септември се често љубоморни, исклучително педантни и се одлични готвачи.

Октомври

Жените во октомври имаат едноставен карактер и често се сметаат за одговорни и остроумни жени. Тие се умерени и великодушни, а одлуките во животот ги донесуваат многу внимателно. Имаат добра меморија и тешко простуваат, а уште една добра страна е тоа што се одлични домаќинки.

Ноември

Ноемвриските жени се силни личности со високо ниво на интуиција. Нивните партнери мора да се соочат со фактот дека нивното мислење често нема да биде земено предвид. Тие се многу економични и страствени во љубовта, а нивниот сексуален темперамент е тежок за скротување. Тие знаат да сакаат силно и длабоко.

Декември

Жените родени во декември се храбри и директни – тие ќе постигнат успех, прескокнувајќи ги сите препреки во животот. Ваквите жени се комуникативни, романтични, големи идеалисти и одлични пријатели. Тие се и доста темпераментни, што често доведува до проблеми во семејството.