Уставен суд ја прифати иницијативата за ГТЦ

Сподели

 

Бившата претседателка на Асоцијација на архитекти на Македонија и активист од иницијативата „Го сакам ГТЦ“, Даница Павловска – Циги, вели дека од Уставниот суд е прифатена нивната иницијатива за ГТЦ, со која се обжалува членот 50 од Законот за просторно и урбанистичко планирање.

Уставниот суд одлучи да поведе постапка за испитување на членот 50 од Законот за просторно и урбанистичко планирање со кој Владата донесе одлука за изградба на барокна фасада на Градскиот трговски центар во Скопје. Оваа иницијатива до Уставниот суд ја поднесе здружението на архитекти Проблесок.

На денешната седница донесена e одлука за времено запирање на сите активности во врска со овој проект на Владата се додека Уставниот суд не донесе одлука за оспорениот член од законот.

Решението за поведување постапка Уставниот суд ќе го испрати до доносителите на актот, Владата и Собранието при што тие имаат рок од 30 до 40 дена да одговорат и да испратат мислење, а потоа уставните судии ќе решаваат дали членот ќе биде поништен.