Русија го повика НАТО на московската Конференција за меѓународна безбедност

Сподели

Русија го повика Северноатлантскиот сојуз (НАТО) да учествува на 6. Конференција за меѓународна безбедност којашто ќе биде одржана на 26 и 27 април во Москва, пренесува Anadolu Agency (AA).

Заменикот руски министер за одбрана, Александер Фомин, за агенцијата ТАСС изјави дека е испратена покана до раководството на НАТО, назначена на име на генералот Петр Павел.

Фомин изјави дека делегацијата на НАТО ќе учествува на Конференцијата, но дека сѐ уште не е потврдено дека во делегацијата ќе биде и чешкиот генерал Павел, претседател на Воениот комитет на НАТО.

Теми на дводневната конференција во Москва ќе бидат кризите и безбедносните предизвици со кои се соочува меѓународната заедница.

НАТО ги суспендираше односите со Русија во 2014 година, по бесправната руска анексија на Крим.