Меѓу лудилото и барањето здрав разум – Петрит САРАЧИНИ

Сподели

Што мислите „пренајзбунети“ сограѓанки и сограѓани мои, додека ве гледам така замислени ем јавнати од лудаците… Кој би бил одговорот на обичниот Швеѓанец, Британец, Ирец, Исланѓанец, Данец, Французин, Грк…., кога би му се случило мнозинството пратеници во неговата држава да бидат спречени да го конституираат Парламентот и да изберат влада? Како би одговориле на такво газење по демократијата, што е вон здравиот разум?

 

Би одговориле онака како што налага здравиот разум. Токму затоа, политичарите од Европа му порачуваат на Хорхе и на неговите босови, да го најдат здравиот разум. Оти, во нивните држави, се знае како завршуваат лудаците.

Ама, тој муабет не е порака само до началниците, туку до сите нас. Јасно е кажано, повеќепати низ изминативе години, од повеќе претставници на меѓународната заедница, дека решението може да дојде само однатре. Изборот меѓу лудилото и нормалноста е наш, и само наш. Не знам дали се разбравме, преубави ем презбунети мои, но, сите ние во Македонија, треба да го бараме одговорот и здравиот разум.

Зошто? Затоа што и покрај тоа што поголемиот дел на општеството е за промена на лудилото, ние сме фактички сè уште под чизмата на лудаците. Лудаци нè владеат, и прават што сакаат со сите нас, со нашите животи, институции, пари, здравство, училишта, природа, вода и воздух…, А ние тоа само го регистрираме и повремено јавно „офкаме”.

Што значи тоа? Е па, тоа значи дека целото општество е веќе во стадиум на некакво лудило или нарушена психосоматска состојба – целосно или латентно, присилно или доброволно, во почетни или подоцнежни фази и метастази. Да си знаете и да повториме, во лудилото не се само началниците и нивните слуги, туку сите ние. Секојдневието е неумолив аргумент и потсетник на тоа. Денеска ќе дознаете дека некој од власта си купил авион. Веста дека другиот вчера купил нафтена компанија е веќе речиси заборавена. За душеците и секси долната облека од 500 евра веќе и да не правиме муабет.

…..

Додека и ние, навистина не полудиме!?

Колумната на Петрит Сарачини во целост прочитајте ја тука