Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави подготвеност да организира нов референдум за повторно воведување смртна казна, откако прогласи победа на референдумот на кој граѓаните гласаа за уставни промени. „Ако опозицијата поддржи повторно воведување на смртната казна, јас тоа ќе го одобрам, а ако не сака, тогаш ќе организираме нов референдум“, изјави Ердоган кој со уставните измени добива пошироки овластувања. Оваа казна е укината во 2004 година, поради кандидатурата на Турција за прием во Европската унија, јави Радио Слободна Европа.