Премиерот на Кина, Ли Кеќанг се сретна со високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот Ли се сретна со Могерини во Џонгнанхау, седиштето на државната управа во главниот град на Кина, Пекинг. Тој истакна дека ги сметаат за важни односите меѓу Кина и ЕУ, како и исполнувањето на меѓународните обврски од страна на ЕУ.
Ли нагласи дека Кина посакува да се зголеми соработката меѓу ЕУ и администрацијата на Пекинг. „Кина го поддржува интегритетот на ЕУ и посакува ЕУ да биде во единство, стабилност и благосостојба“, додаде тој.
Кинескиот премиер истакна дека Кина сака преговорите околу билатералните инвестициски договори, како и работите за изводливост околу договорите за слободната трговија да поминат во знакот на меѓусебно почитување и рамноправност со ЕУ.
Админстрацијата на Пекинг, како што вели Ли, посакува разликите со ЕУ да се надминат на вистинска основа. Тој истакна дека страните испраќаат позитивни пораки за прашањата околу регионалната стабилност, светскиот мир, глобалните предизвици, усовршувањето на меѓународниот систем за владеење, како и во врска со фер и слободна трговија.
Од друга страна, Могерини посочи дека исто така и ЕУ го смета за важно исполнувањето на меѓународните обврски. „ЕУ посакува со разликите со Кина да се справи преку конструктивна соработка“, рече таа.
Могерини ќе се сретне и со кинескиот државен секретар, Јанг Џиечи.