Електронските спортови ќе станат дел од официјалната спортска програма на Азиските игри во Хангжу, Кина, почнувајќи од 2022 година. Азиските игри се пандан на Олимпијадата, ограничени само на азискиот континент, а се одржуваат на секои четири години.
Олимпискиот Совет на Азија (OCA) вели дека оваа одлука е донесена за да „го рефлектира брзиот развој и популарноста на оваа нова форма на спорт“.
Компетитивното гејмање ќе биде дел и од овогодинешниот турнир на Азиски игри на затворено и боречки вештини во Туркменистан. Натпреварувачите ќе учествуваат на MOBA (Multiplayer online battle arena) и RTA (real time attack) игри.
Чекорот е резултат на партнерството меѓу Алиспортс (спортското крило на гигантот за електронска продажба, Алибаба) и Олимпискиот совет на Азија.
Е-спортовите генерираа околу 493 милиони долари од продажби во 2016 година, а имаат глобална публика од околу 320 милиони луѓе.
Продажбите се очекува дека е пораснат на 696 милиони долари во 2017 година, а 15% од нив доаѓаат само од Кина, според аналитичарите на е-спортовите, Newzoo.
Турнирите кои се одржуваат пред публика во живо привлекуваат илјадници обожаватели, но на интернет се гледаат од десетици милиони гледачи.
Во 2014 година, повеќе од 40.000 луѓе присуствувале на Светскиот шампионат на League of Legends, кога се одржале во Сеул, а околу 27 милиони гледачи гледале онлајн.
До 2016 година, турнирот привлекол рекордни 43 милиони гледачи на интернет. Победничкиот тим подели по 2,7 милиони долари од вкупната награда.
Истата година, International, е-спорт турнир посветен на играта Dota 2, имаше финална награда од 20 милиони долари.
Победниците, гејминг тимот Wings од Кина, доби повеќе од 9,1 милиони по член.