Демонстрациите на опозицијата против претседателот Мадуро, најавени како „мајка на сите демонстрации“, на улиците извадија стотици илјади луѓе. Протестите продолжуваат и денеска.
Двајца демонстранти беа убиени во текот на протестите. Според изјави на очевидци, во Каракас му било пукано во глава на 18-годишно момче, кое по операцијата им подлегнало на повредите. Во Сан Кристобал, на границата со Колумбија, исто така од истрел во главата загинала студентка. Опозицијата за убиствата ги обвинува милициите на социјалистите кои се подготвени на насилство и кои од мотоцикли пукаат во толпата народ со што постојано шират страв меѓу демонстрантите.
Борците за човекови права јавуваат и за смртта на припадник на Националната гарда во сојузната држава Миранда. Тој, како што се вели, бил убиен од снајперист.