Повеќе од двесте луѓе беа повредени во вчерашните антивладини протести во Венецуела, соопшти опозицискиот Блок за демократско единство.Според опозициски претставници, во протестите што се одржаа на 19. и 20. април приведени се 585 лица.
Политичката криза во Венецуела почна кога Врховниот суд ги прошири ингеренциите на претседателот Николас Мадуро и на Парламентот и му забрани за опозиционерот Енрике Каприлес да ја извршува функцијата гувернер на државата Миранда.
Владите на девет јужноамерикански држави ги осудија судирите меѓу демонстрантите и полицијата и апелираа до венецуелските власти да преземат мерки за прекин на насилството.