На 22 подрачја во југозападниот дел од Франција е прогласен портокалов метеоаларм поради изненадна интензивна бура, јавува Anadolu Agency (AA).
Метеоролошкиот завод соопшти дека метеоалармот поради бура и врнежи е прогласен во речиси четвртина од земјата.
Во соопштението се вели дека силната бура би можела да потрае и во вечерните часови.
Неповолните временски услови ќе ги погодат и туристичките дестинации во таа земја.
Предупредувањето е дадено за подрачјата меѓу кои се спаѓаат и департманите Арјеж, Шарант, Корез, Жиронда, Ланд но и многу други.