Претседателски избори: Франција денес бира помеѓу Макрон и Ле Пен

Сподели

Во Франција утринава се отворени гласачките места за вториот круг на претседателски избори во кои граѓаните на таа земја ќе бираат помеѓу центристот Емануел Макрон и десничарката Марин Ле Пен, јавува Anadolu Agency (AA).

Гласачките места на главниот копнен дел на Франција се отворени во 8 часот, а во поголемиот дел од земјата се затвораат во 19 часот. Во големите градови гласањето трае до 20 часот.

Право на глас имаат околу 45,7 милиони гласачи, а во првиот круг излезноста беше 77,77 отсто.

Последните истражувања покажуваат дека Макрон има околу 62 отсто од поддршката. Овој кандидат, кој со движењето “En Marche”, за edna година во Франција привлече големо внимание, во првиот круг освои 24,01 отсто од гласовите. Најважна поддршка на Макрон стигна од двете најсилни политички опции, Републиканската партија и Социјалистичкаta партија.

Ле Пен во првиот круг од претседателските избори освои 21,3 отсто од гласовите и се надева на поддршката на гласачите кои во првиот круг го подржаа кандидатот на радикалната левица Жан Лука Меланшон, којшто освои 19,58 отсто од гласовите.

Откако анкетите на Централата, од каде што се водеше кампањата на Меланшон, покажаа дека третина од гласовите ќе одат кај Макрон, повикот на Ле Пен не го доби саканиот одговор.

За безбедноста за време на изборите ангажирани се повеќе од 50.000 припадници на безбедносните сили.

Министерството за внатрешни работи на Франција двапати во јавноста ги подели информациите за излезност, а излезните акнети ќе бидат објавени веднаш по затворањето на гласачките места.

Официјалните резултати од изборот на Уставниот совет ќе бидат објавени до 11 мај.

По изборите, двајцата кандидати ќе дојдат во Париз. Се очекува дека по резултатите од излезните анкети, Макрон ќе има дружење со гласачите во Лувр, а Ле Пен во Венсен.

Избраниот кандидат до 14 мај ќе ја преземе должноста од претседателот Франсоа Оланд.

По претседателските, во Франција во средината на јуни се очекуваат и парламентарни избори.