„Република Македонија се враќа на вистинскиот пат за влез во големото европско семејство. Патот по кој сигурно чекоревме пред 11 години, сега има уште поголемо значење на овој 9 Мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Брзата разврска на политичката криза, формирањето на новата влада, враќањето на демократските вредности, владеењето на правото, правдата, независноста на судството, слободата на медиумите ќе бидат алфа и омега за новата власт во државата. Само така ќе покажеме дека Република Македонија нема друга алтернатива освен членство во Европската Унија“, порача Либерално-демократската партија.
Во соопштението се нагласува дека новата реформска влада, во која ќе учествува и ЛДП, уште од првиот ден напорно ќе работи на враќање на државата на патот на прогресивните евроинтеграции.