Изјави

Сподели

Macedonian-PEN-logo

“И покрај сите наши претходни апели и алармирања во јавноста, Република Македонија доживеа драстичен пад од групата „делумно слободни“, во групата на земји кои „не се слободни“. Покрај многубројните засновани забелешки во Извештајот на Фридом Хаус, особено загрижувачки се и неодамнешните масовни отпуштања на новинарите во Телевизијата Телма, со што уште повеќе се намалува просторот за критичка опсервација на актуелните општествени и политички прашања. Сметаме дека враќањето на слободата на медиумите и слободата на говорот се едни од клучните приоритети и претпоставки за успешно разрешување на длабоката политичка криза во Република Македонија. За враќањето на меѓународната репутација на Република Македонија во овој витален домен за демократијата, неопходно е целосно да се расчистат скандалот со масовното противзаконско прислушкување на новинарите, сомневањата за притисоци и закани врз медиумските работници, како и расчистување на сите скандали поврзани со корупција на медиумите“.