Општина Центар донесе одлука за згрижување на децата со церебрална парализа

Сподели

Децата со церебрална парализа од Дневниот центар, до изградбата на новото основно училиште “Капиштец“ ќе бидат сместени во објектот на урбаната заедница „Славе Георгиевски – Шнајдерот“, кој е во сопственост на општина Центар.

Просторот е со површина од 250 м2, ќе биде целосно реконструиран, опремен и адаптиран за престој на овие лица. По изградбата на училиштето, тие добиваат на користење 300 м2 во новото училиште, со најсовремени услови и ќе имаат посебен влез во училиштето.

Новиот простор кој ќе го користат наредните две години е во согласност со стандардите за пристапност, движење и опслужување на лицата кои се движат со помагала и ќе има соодветно адаптирани тоалети.

Одлуката по предлог на градоначалникот Жерновски,  била едногласно донесена од советниците во општина Центар на вчерашната седница.