Република Македонија мора да оди напред.
Парламентарното мнозинство ги презема сите потребни чекори да се одблокираат демократските прпцеси.
Неопходно за граѓанските и зa државните интереси сите институции и политички претставници да се постават одговорно кон обврската пред граѓаните да ја почитуваат мнозинската волја, согласно Уставот.
Реафирмацијата на Програмата на новата Влада на унитарна Македонија, која ќе работи според Уставот во интерес на евро-атлантските перспективи е покажување одговорност кон своите граѓани и својата држава.
Од исклучителна важност за стабилизација на државата е сите политички лидери и институции да се постават на ниво на одговорноста и да овозможат да продолжат демократските процеси.
Веќе се нанесени штети на граѓаните со тоа што се оставени 5 месеци без нова Влада, а од завчера и без градоначалници и советници.
Повикуваме да престанат деструктивните политики на раздор, сите, влучително и опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се постави конструктивно во процесите што следат.
Денешниот 17 мај којшто пред две години испрати порака на заедништво без разлика на каква било припадност и определба е концептот што го избраа граѓаните на изборите и треба да се даде шанса да ја повлече Македонија во развој и евро-атлантски интеграции.
Согласно Деловникот, Уставот и законите е избран новиот собраниски претседател. Согласно Уставот, Деловникот и законите ќе биде избрана и новата реформска Влада.