Корисниците на Македонски Телеком коишто имаа прекин на услугите во текот на вчерашниот ден како последица на невремето, во месец јуни ќе добијат бесплатни услуги и содржини како надомест.
Сите корисници на телевизијата MaxTV ќе можат да ги гледаат бесплатно каналите вклучени во Sport HD и Pink & Grand пакетите, како и каналите M1и M1Gold.
Корисниците на Smart постпејд услугите и Мagenta 1 пакетите ќе добијат двојно повеќе мобилен интернет во месец јуни, a oстанатите постпејд корисници на Македонски Телеком, истиот месец ќе добијат 1GB бесплатен мобилен интернет.
Двојно повеќе мобилен интернет бесплатно во месец јуни, ќе добијат и бизнис корисниците на Македонски Телеком, односно корисниците на Magenta 1 Business пакетот и Business Mobile услугите. Останатите бизнис постпејд корисници, ќе добијат 2 GB бесплатен мобилен интернет за месец јуни.
Македонски Телеком уште еднаш им се извинува на корисниците за вчерашниот прекин на услугите.