Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за драстично кратење на финансирањето на Обединетите нации ќе ја направи невозможна натамошната работа на Светската организација, изјавија претставници на ОН. Трамп предложи кратење на американската дипломатија и на помошта за странство за околу една третина односно за 19 милијарди долари. Американското финансирање на мировните мисии ќе се намали за една милијарда, а помошта за меѓународните организации за 44 насто. Конгресот го има крајниот збор за американските трошоци, а дел од законодавците веќе оценија дека не поддржуваат вакви драстични кратења.