Вчера беше на Конгресот беше избран претседател, заменик претседател, Надзорен одбор и Централен одбор на партијата. Кај нас согласно статутот на партијата Централниот одбор носи одлуки за идните ресори и министрим кадровски решенија за Владата на Р.Македонија. Денеска Централниот одбор со својата одлука согласно претходниот договор со нашите идните коалициони партнери од ДУИ и од Алијансата на Албанците можам да соопштам на јавноста дека е формирано парламентарно мнозинство коешто стои позади новата реформска Влада на Р.Македонија.
Новата реформска Влада ќе биде составена од 15 ресори неколку министерства без ресори, пакетот на предлогот оди буквално имињата на сите 15 ресори и имињата на сите без ресори, понатаму со одлука на Влада се определуваат личностите без ресори каква надлежност Владата доделува на самите министри без ресори, а од вкупниот број на вакви имиња се бираат и замниците претседатели на Владата на Р.Македонија. Така што, вечерва Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз даде одобрение за кандидатите од нашите редови, но истовремено беше информиран и за кандидатите од коалиционите редови и за независните кандидати коишто потекнуваат од граѓанскиот сектор, од луѓето експерти во Р.Македонија и од предлозите коишто беа доставени од нас, од Стопанските комори на Р.Македонија. Затоа со задоволство сакам да го објавам пред граѓаните составот на идната реформска Влада:
Министер за одбрана ќе биде Радмила Шекеринска,
Министер за внатрешни работи ќе биде Оливер Спасовски,
Министер за надворешни работи ќе биде Никола Димитров,
Министер за труд и социјална политика ќе биде Мила Царовска,
Министер за финансии ќе биде Драган Тевдовски,
Министер за образование и наука ќе биде Рената Дескоска,
Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе биде Љупчо Николовски,
Министер за транспорт и врски ќе биде Горан Сугарески,
Министер за култура ќе биде Роберт Алаѓозовски,
Министер за информатичко општество и администрација ќе биде Дамјан Манчевски,
Министер без ресор, Кочо Анѓушев,
Министер без ресор, Роберт Поповски,
Министер без ресор, Едмонд Адеми,
Министер без ресор, Аднан Ќахил,
Министер без ресор, Самка Ибраимовски,
Министер без ресор, Зорица Апостоловска,
Министер без ресор, Зоран Шапуриќ,
Ова се вкупно 17 имиња коишто ги предлагаме согласно одлуката на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз. Соодветно, коалиционите партнери носат одлука на своите органи и тела на партијата, но секако ова е предлог само којшто ќе биде доставен до Парламентот на Р.Македонија. Намерата е вечерва, доколку стигнеме со комплетирање на сите неопходни протоколарни и правно формални аспекти уште вечерва во архивите на Собранието на Р.Македонија, јас како мандатар којшто доби мандат за формирање на Влада да доставам Програма за работа на новата Влада и да доставам владин кабинет до Собранието на Р.Македонија.