Зврлевски повеќе нема да ги штити криминалите на ВМРО-ДПМНЕ, ќе има правда и живот за сите!

Сподели


Граѓаните веќе ги чувствуваат првите резултати од новата реформска Влада предводена од СДСМ. Исплатени се земјоделските субвенции, како и студентските стипендии за последните пет месеци.

Ќе има и повиска минимална плата и таа ќе важи за сите работници. Ќе има и повисока просечна плата во државата. Државната поддршка за фирмите ќе биде зголемема за 100 пати што ќе овозможи нови и подобро платени работни места.

И ова се само дел од реформите што носат квалитетен живот за сите граѓани.

Заврши времето на антиреформската фамилија во раководството на ВМРО-ДПМНЕ која 10 години владееше криминално за лично богатење. Заврши и времето и на Марко Зврлевски кој ги штити нивните криминали и ја попречува правдата наместо да ја спроведува.

Македонија ќе биде правна држава со еднакви шанси за успех на сите.