Министерството за култура појаснува дека минатата недела објавило повик до националните институции да ги достават нацрт – програмите за нивната работа за 2018 година, кој се однесува исклучиво на националните установи, кои се финансираат преку Министерството.
Со соопштението, се повикуваат националните установи од културата да достават нацрт – програми за 2018-та. Од Министерството наведуваат дека повикот не е конкурс за финансирање на проекти од национален интерес од областа на културата за 2018-та.
– Имено, се работи за законска обврска, пропишана според член 70 став 1 од Законот за култура, според кој директорите на националните установи во јуни во тековната година до Министерството за култура ги доставуваат нацрт – годишните програми на националните установи за наредната година. Според истиот член од Законот за култура (став 2 и 4), во повикот до националните установи објавен минатиот петок од страна на Министерството за нацрт – годишната програма, тие се информираат за законската обврска, односно за тоа што треба да содржи нивниот нацрт на годишна програма што треба да се достави до Министерството, стои во појаснувањето.
Како што налагаат законските прописи, наведуваат од Министерството, нацрт – програмите треба да содржат предлог за програмски активности, оперативни трошоци на установата, плати и други надоместоци за вработените и за надворешните соработници кои ќе се ангажираат за остварување на програмата, материјалните трошоци и трошоците за инвестициско одржување, осигурување, адаптација и набавка на опрема за установата.
– Нацрт – годишната програма, исто така,содржи проекти со спецификација на трошоците по намени и активности. Националните установи треба да ги достават нивните предлози до крајот на овој месец. Бидејќи времето за пополнувањето на апликацијата во законски утврдениот рок е релативно кусо, очекуваме дека она што ќе го добиеме како првична верзија на програмата, ќе ги изразува, пред сè, предлозите на директорите и менаџерските тимови во националните установи, и дека преку нацртите на програмите ќе добиеме увид во нивните визии, амбиции, планови, но и програмски преференции и рутини, наведуваат од Министерството.

Информираат дека согласно законот, министерот во наредниот период, во еден партиципативен процес, ќе формира комисии од еминентни авторитети во своите области, чии имиња, наспроти досегашната пракса, ќе и бидат соопштени на јавноста. Овие комисии, се потенцира, ќе ги разгледаат нацрт – програмите, а потоа, врз основа на нивните предлози, министерот ќе донесе решенија за утврдување на предлог – програмите на установите во рок од 45 дена од донесување на Буџетот на РМ. Потоа, во самите установи ќе следи постапка за донесување на програмите од страна на директорите, а по претходна согласност на нивните управни одбори, при што краен рок за донесување на сите програми е 60 дена од изгласувањето на Буџетот во Собранието на РМ.
– Во претстојниот период, ќе следува темелно преиспитување на работата на досегашните раководства на националните установи, врз основа на извештаите што како нивна законска обврска треба да ги достават на почетокот на месец јули. При утврдени сериозни неправилности во работењето на установата, можно е да следи промена на раководниот кадар. Новото раководство ќе има полна слобода да направи ревизија на предложената нацрт – програма, при што веднаш ќе се напуштат негативните практики од минатото, одредени автори, уметници, режисери или уметнички дела да бидат исклучени, запоставени, игнорирани, заменети поради тесни партиски интереси или изразување на критички став кон политиките на власта и институциите, нагласуваат од Министерството.
Во текот на овој процес, појаснуваат од Министерството, ќе бидат вклучени претставници на стручната јавност без оглед дали доаѓаат од јавниот или независниот културен сектор, кои ќе имаат можност да ги достават нивните забелешки, сугестии и предлози за изменување, дополнување и подобрување на нацрт – програмите на националните установи, пред да бидат доставени до стручните комисии. На овој начин, програмите на националните установи ќе го одразат новиот европски, слободарски, партиципативен и инклузивен пристап во култура, за кој се залагаме.