Ребалансот на буџетот ќе се најде пред пратениците пред одморите

Сподели

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, информираше дека се работи на подготовки на ребалансот на буџетот, кој пред пратениците ќе биде доставен пред тие да заминат на одмор.

– Во моментов правиме проценка на обврските со буџетот. Ќе направиме сè што е во наша надлежност да добиеме буџет кој ќе биде прагматичен, имајќи ги предвид обврските што се наталожени со години, а во исто време да дадеме можност на нашите реформски приоритети – изјави Тевдовски на потпишувањето на договорот за користење на средства од ИПА-програмата во ЕУ Инфоцентарот.

Во однос на еврообврзницата, тој изјави дека во согласност со постојниот буџет кој е изгласан од претходната власт, има потреба од задолжување и на внатрешниот и на надворешниот пазар со еврообврзница.

– Постои потреба за финансирање на потребите на буџетот преку задолжувања. За нас е важно да обезбедиме  вакви финансирања со релативно евтина цена – додаде Тевдовски.

meta.mk