Шефот на норвешката дипломатија Бренде во посета на Македонија

Сподели

Министерот за надворешни работи на Кралството Норвешка, Борге Бренде, денеска ќе биде во посета на Македонија, каде што треба да се сретне со државниот врв.

Бренде во 11 часот ќе се сретне со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, по што ќе следува средба помеѓу делегациите на двете земји, а потоа двајцата министри ќе даваат изјави за медиуми.

Како што соопштуваат од Mинистерството за надворешни работи, Бренде со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, ќе разговара за понатамошниот развој на билатералните односи и на соработката меѓу двете земји, за поддршката и за помошта од Кралството Норвешка за што поскоро зачленување на Република Македонија во НАТО и во Европската Унија, како и за регионалната соработка.

Во рамки на официјалната посета, норвешкиот министер ќе биде примен и од претседателот на државата Ѓорге Иванов, од премиерот Зоран Заев, а ќе се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

meta.mk