На 4. јули, во 12 часот во галерија ОСТЕН ќе биде отворена изложбата на карикатури кои учествуваа на меѓународниот конкурс за дигитална карикатура на тема “Демократија”, кој ОСТЕН АРТ, со поддршка на Американската амбасада го спроведе преку онлајн платформата osten4art.
Изложбата е дел од проектот “Доза сатира за здрава демократија” кој беше активен во последните 6 месеци преку инфо-работилници одржани во Американските катчиња во Битола, Тетово, Штип и Скопје.
Ќе бидат изложени карикатури на истакнати карикатуристи ширум светот, низ кои овие генијални умови на искрен, безкомпромисен и духовит начин ја отсликаа демократската реалност во која живееме.
Ова е ретка можно…ст за сите љубители на карикатурата и сатиричниот цртеж, како и оние на кои овој медиум на изразување им е непознат, да бидат дел од несекојдневен настан кој ќе ги разбранува или потврди нивните сфаќања за поимот “демократија”.
Ве очекуваме во галерија ОСТЕН на 4. јули во 12 часот!
*влез слободен