Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Совет за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Македонски институт за медиуми (МИМ) и на Институт за комуникациски студии (ИКС), до Владата поднесоа барање за спроведување системски медиумски реформи, во кое се нагласени приоритетните законски измени и мерки што треба да се спроведат. Од Владата е побарано да почне инклузивен и транспарентен процес на јавна расправа, како за приоритетните така и за другите проблеми чие решавање може да доведе до подобрување на слободата на изразување и на состојбата во медиумскиот сектор.
Од Владата, исто така се бара да започне инклузивен и транспарентен процес на јавна расправа, како за приоритетните така и за другите проблеми чие решавање може да доведе до подобрување на слободата на изразување и на состојбата во медиумскиот сектор.
-Зголемување на безбедноста и на сигурноста на новинарите и искоренување на практиката на неказнивост на нападите врз новинари, почитување на работните и професионалните права на новинарите и на другите медиумски работници, како и транспарентност на јавните институции и подобрување на условите за истражувачко новинарство. Во барањата се наведуваат независност на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и институционална автономија и уредувачка независност на МРТ.