Со американскиот музички документарец „Битлси: осум дена во неделата“ снимен минатата година, вечерва започнува „Кафе кино“ – филмска програма на фестивалот „Скопско лето“.
Документарецот во режија на Рон Хауард, кој имаше номинации за награди на неколку фестивали, е компилација од ретки снимки со интервјуа, музика и приказни од 250 концерти на култната група одржани меѓу 1963 и 1966 година.
Програмата „Кафе кино“ ќе трае до 18 јули. Проекциите на филмовите ќе бидат во Сули ан – Факултет за ликовни уметности и ќе почнуваат во 21 часот.
Утревечер на прогрмата е британскиот филм „Локи“, а од понеделник до крајот на „Кафе кино“ ќе бидат прикажани: „Само крајот на светот“, „Автопат на смртта“, „Јавачи на коњи“, „Вештерките од Зугарамурди“, „Панама“, „Меси“, „Малите виленици Пикси“, „Тони Ердман“ и историската драма „Израелска љубовна приказна“.
Влезниците за проекциите се по цена од 100 денари и може да се купат на благајната на ФЛУ – Сули ан.