Договорот на САД и Русија за прекин на огнот во Сирија влегува во сила

Сподели

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Херберт Р. Мекмастер, зборуваше за зоната без судири за која се договорија САД и Русија, јавува Anadolu Agency (AA).

Околу договорот кој го постигнаа САД, Јордан и Русија, Мекмастер истакна:

„По постигнатиот договор со владите на Русија и Јордан, претседателот на САД, Доналд Трамп, за постигнатиот договор зборуваше со голем број светски лидери на Самитот Г-20, меѓу кои се претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, премиерката на Британија, Тереза Меј, германската канцеларка Ангела Меркел. САД, со цел да извојува победа над ДЕАШ, направи сѐ што е во нејзина моќ за да се разреши кризата во Сирија и раселените да се вратат во сопствените домови. Од тој аспект, овој договор претставува многу значаен чекор во постигнувањето на заедничката цел”.

Постигнатиот договор беше објавен по двојната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, којашто се одржа во рамките на Самитот на Г-20.

Во последно време, во јужниот дел на Сирија стануваат сѐ понасилни судирите меѓу единиците кои се дел од Слободната сириска армија, поддржана од страна на САД во борбата против ДЕАШ, со прорежимските сили на Сирија.