Денес седница за разрешување на Зврлевски

Сподели

На денешното продолжување на шестата седница на Собранието на Македонија ќе се расправа по предлогот за разрешување на јавниот обвинител на Македонија Марко Зврлевски.

Вчера попладне, беше утврден само листингот на пријавените дискутанти, по што претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и ново продолжени закажа за денеска во 11 часот.

„Предлогот за разрешување на Марко Зврлевски од функцијата јавен обвинител на Република Македонија, пред истекот на мандатот, е поради незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата. Исто така, во своето однесување и дејствување именуваниот покажа дека не е способен за извршување на функцијата, поради неподнесување барање за поведување кривична постапка за случаи предвидени со закон и поради нарушување на угледот на функцијата“, пишува во образложението на Советот на јавни обвинители кое го доставиле до Владата.

Инаку, по тридневна расправа, пратениците ги усвоија Општите акти на Народниот правобранител кои треба да овозможат непречена работа на неколкуте канцеларии на Народниот правобранител во државата.