Министерката за образование Рената Дескоска денеска ќе го повлече учебникот за четврто одделение по предметот општество, каде децата треба да донесат фотографија од свадбата на нивните родители и да одговорат дали се венчани во црква, откако народниот правобранител утврди дека постои дискриминација врз основа на брачен и семеен статус и религија во областа на образованието, пренесе 24 Вести.
Комисијата донела предлог за повлекување на учебникот, а се очекува министерката денеска да го потпише решението за спорниот учебник.