Остра расправа во законодавниот дом на пленарната седница на која требаше да се најде завршната сметка на буџетот за 2016 и законот за извршување на буџет.
Пратениците се скараа пред воопшто да биде усвоен дневниот ред. Во меѓувреме во Собранието премиерот Зоран Заев и амабасадорите чекаа повеќе од половина час да почне комисиската седница за реформскиот план 3-6-9 на владата за кој требаше да се расправа на седница на комисијата за европски прашања.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја тргна точката за ребаланс на буџетот од дневниот ред поради доцнењето на министерот за финансии, Драган Тевдовски што ја разгори дискусијата во салата.